Пингпонгарите од ПКК „Крива Паланка“ на прием кај Градоначалникот

На 22.06.2010 година по повод освоената титула Државни прваци на Македонија во сениорска конкуренција пинпонгарите од ППК Крива Паланка, тренерот Виорел Уце и менаџерот Методија Цветковски го посетија Градоначалникот на општина Крива Паланка.    

 
Тренерот на ППК Крива Планка, Виорел Уце, ги наведе успесите на пинпонгарите како на државно така и на меѓународно ниво.
 
Продолжувајќи ја 50 годишната традиција на пинг-понгот во Крива Паланка, пингпонгарите од нашиот град ја одбранија титулата Државни прваци во сениорска конкуренција, а покрај тоа ги освоија екипните титулите во пионерска и младинска конкуренција. Во поединечна конкуренција, државни прваци  станаа за сениори – Кристијан Станојковски, за младинци- Роберт Стаменковски и младинки –Амелиа Уце.  Во изминатите години Амелиа ги спои пионерските, младинските и сениорските  титули, а Дијана Ристовска  беше младински и сениорски првак.     Исто така нашите пингпонгари учествуваат на балкански, европски и светски првенства, од каде ги донесоа и првите медали во историјата на македонскиот пинг-понг и тоа 3 место на  Балканското првенство – Амелиа Уце и 3 место во двојки од Балканско првенство –Кристијан Станојковски.

 

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски,  најпрвин им го честита постигнатиот успех на пинпонгарите, како на ниво на поединци така и на ниво на клуб, истакнувајќи дека станува збор за спортисти кои ја продолжуваат традицијата на општината Крива Паланка како пинпонгарски град на републичко и светско ниво. Наведе дека општината во рамките на можностите ќе вложи напори што повеќе да го помага овој спорт.

Со стапување на функцијата градоначалник прво нешто што е направено е ослободување од плаќање на такса за користење на салите, за кои претходно се плаќаше надоместок, со цел ако не може многу да се помогнеме финансиски барем да не се одмага ширењето и развивањето како на пингпонгот така и на другите спортови.

Општина Крива Паланка веќе има добиено комбе кое во одредени случаи може да биде дадено на пинпонгарскиот клуб на располагање за превоз за натпреварување, а ќе превзема и други активности за остварување на подобри резултати. Целта е да се овозможи овој спорт да се шири што е можно повеќе , да се даде потик за подем и на другите спортови што всушност е интерес на целиот град, децата и младите да се тргнат од негативните појави и нивната енергијата да се насочи во постигнување на позитивни резултати.
 
Градоначалникот им поска на пинпонгарите да постигнуваат што подобри резултати на регионални, републички и меѓународни натпревари.

Од 24-27 јуни пинпонгарите ќе учествуваат на Балканското првенство во Слатина, Р.Романија, а од 16 – 25 јули ќе бидат дел од Европското првенство во Истанбул, Р. Турција.
 

Големина на фонт
Контраст