Општина Крива Паланка во текот на вчерашниот ден изврши санација на делот од ролерско-велосипедската патека која беше оштетена во текот на неодамнешните поплава што ја зафатија територијата на oпштина Крива Паланка.
[embpicasa id=”6164212870166005985″]
Одводнувањето од атмсосферските води беше решено со поставување на бетонски одводни цевки со поголем профил и изградба на нов таложник. На истата беше поставен нов асфалтен слој со површина од 35 м2.
Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.