Хорот на „Златно славејче“ кој патува како караван низ Македонија,во сабота, на 13 јуни настапи во Крива Паланка.
На плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка, под покровителство на локалната самоуправа на општината настапија дел од членовите на хорот на „Златно славејче“, а на настанот присуствуваа над 500 кривопаланчани со своите дечиња.
[embpicasa id=”6160492086164339361″]
Вива – караванот на „славејчињата“ отпеа повеќе детски песнички од годинашното издание на фестивалот за деца „Златно славејче“, но најмладите жители на Крива Паланка имаа можност да уживаат и во фестивалските песнички отпеани изминатите неколку години, додека на завршниот дел од настапот беа отпеани најголемите хитови од омилениот детски фестивал во земјава.
„Златно славејче” е најстара и најомилена музичка манифестација за деца во нашата земја. За прв пат се одржал во 1971 година, а оттогаш се одржува секој 13 ноември, во рамките на одбележувањето на ослободувањето на град Скопје.
Караванот на „Златните славејчиња“ продолжува со настапите низ повеќе градови на Македонија.