Благодарници за бранителите од Крива Паланка кои учествуваа во акцијата во кумановска „Дива населба“

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, вчера организираше прием за кривопаланечките припадници на посебната полициска единица во Министерството за внатрешни работи кои учествуваа во полициската акција во кумановската „Дива населба“.

На деветте припоадници на посебната полициска единица од општината кои беа директни учесници во акцијата им беа доделени благодарници и плакети со грбот на општина Крива Паланка.

-Овие наши сограѓани несебично се дадоа себеси во акцијата, изложувајќи ги своите животи на ризик, но за среќа живи и здрави се вратија оттаму. Ова е само мал гест од страна на локалната самоуправа со кој им ја искажуваме нашата почит  и ја поздравуваме нивната храброст и пожртвуваност. Со овој чин ја искажуваме благодарноста од страна на сите жители на Крива Плаанка кои се горди на своите сограѓани-рече Алексовски.

Тој упати благодарност и до останатите бранители од Крива Паланка кои биле вклучени во акцијата, но на останатите реони од Куманово.

Инаку, Алексовски додели и една благодарница од општина Крива Паланка за началникот на Секторот за внатрешни работи од Куманово.

Големина на фонт
Контраст