Започна реконструкцијата на објектот каде ќе бидат сместени дисперзираните студии по градежништво

Започна реновирањето на објектот каде ќе бидат сместени дисперзираните студии по градежништво при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Станува збор за еден кат од зградата на поранешната касарна во Крива Паланка, од околу 400 квадратни метри, во кој ќе се опремат три предавални, неколку кабинети, административни и други помошни простории. Во нив ќе бидат сместени  и студентите од Факултетот по информатика при Природно-математичкиот факултет, отворен минатата година. 

 

Градежните работи ги изведува скопската градежна фирма „Вејмаст инженеринг“,  која ќе изврши комплетно реновирање на просториите, санација на покривната конструкција, електричната инсталација и на санитарните јазли.

Големина на фонт
Контраст