Денеска во организација на Училишниот спорт од Крива Паланка, а под покровителство на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски се одржа шестиот по ред Општински крос 2015.
[embpicasa id=”6142379589449593809″]
На манифестацијата учествуваа ученици од основните училишта од трето до девето одделение и од средното училиште од прва до четврта година, во две категории машки и женски.
Должините на патеките по кои истрчаа беа различни при што за секоја категорија прво, второ и трето палсираните добија диплома и медалја.
Честитки за победниците и успеси во натамошните натпревари.