Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, ги посети матурантите од општината кои го завршуваат средното образаование во Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.
[embpicasa id=”6150833236624437857″]
Алексовски ги почести торта и им посака успех на полагањето на државна матура и при уписите на факултетите.
-Секоја година со особено задоволство на последните училишни часови ги посетувам нашите матуранти кои од овој момент се наоѓаат пред пресвртница и сериозна обврска, да го одберат своето идно занимање и професија. Посакувајќи им успех во понатамошниот живот традиционално ги почестив со торта, со надеж дека како и до сега ќе бидат достојни репрезенти на општината и дека некој од нив во иднина ќе ја води нашата општина – рече Алексовски.
Директорот на СОУ „Ѓорче Петров“, Миле Милковски, потенцираше дека посакува матурската забава закажана за утре ќе мине во пријатна атмосфера, заедничка веселба и дружење, а учениците од средношколските денови ќе понесат убави спомени од средното образование. Toj повика учениците да се однесуваат одговорно таа вечер.
– Ова се денови кои засекогаш остануваат во сеќавањата на секој човек пред да тргне во битка со посериозните животни предизвици, им порача Милковски на матурантите и им посакаа успешна иднина и што помалку искушенија на тој пат.