Акцијата за чистење на речните корита, која започна на 28.06.2010, ја спроведува Општина Крива Паланка во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Македонски шуми.
Во текот на акцијата ќе биде исчистена делница во должина од 13.600 метри, од село Костур до село Мождивњак. Акцијата опфаќа чистење на речното корито, проширување и сечење на крајбрежната вегетација.