Во контекс на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието и воспоставената соработка меѓу ООУ „Илинден“, општина Крива Паланка и ОУ „Симче Наставски“ од с.Јажинце, општина Јегуновце на ден 21.05.2015 година учениците и наставниците од двете училишта остварија средба.
[embpicasa id=”6151676510059901457″]
Домаќин на средбаат беше ООУ „Илинден“ од Крива Паланка каде заеднички од двете училишта беа спроведени неколку активности:
Вид на активност: Двојазична мултимедијална презентација „Занаетчиството во родниот крај“
Активноста беше спроведена со мешана група на ученици од 9 одделение (8 македонци и 8 албанци). Учениците имаа за цел да креираат презентација за занаетите застапени во родниот крај. За таа цел учениците истражува на Интернет за потребите на луѓето од занаетчиските дејности во минатото, истражување во родниот крај за денешните занаетчиски дејности и утврување на потребата за одржување на занаетчиските дејности за идните генерации. За подготовка на презентацијата учениците соработуваа еденаш неделно преку Skype или Facebook (поради оддалеченоста на училиштата) во текот на едно полугодие.
Како завршна активност со помош на наставникот по техничко образование се формираа четири групи од мешани ученици кои по дадени инструкции на наставникот самите изработија ќилимчиња на претходно изработени импровизирани разбои. Два од изработените разбои им беа подарени на партнер училиштето.
По завршување на работилницата учениците го посетија Градскиот музеј во Крива Паланка каде можеа да видат фотографии од минатото на градот и занаетчиски производи изработени од тогашните занаетчии.
Вид на активност: Саем на здрава храна
Активноста беше спроведена со мешана група на ученици од 7 одделение. Учениците имаа за цел да изработат производи (јадења) од здрава храна. Изборот на рецепти како и членството во дадена група го одредија заеднички самите ученици. При подготовка на јадењата состојките на производот се кажуваа двојазично заради нивно учење. Од активноста се направени и двојазични постери кои ќе стојат на видно место во училиштата.
Вид на активност: Уредување на влезен ѕид на училиштето со мотив „Мултиетничко оро“.
По претходно подготвен шаблон со мултиетничко оро од ликовниот педагог Нела Стојчевска, која како родител учествуваше во активноста заедно со учениците, учениците заеднички го обоија и ги испишаа пораките: другарување, почитување, истрајност, соработка и придонесоа за разубување на влезот на училиштето и дадоа јасна порака за секој кој влегува во училиштето дека влегува во училиште во кое не се чувствува етничката различност.
Градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски, со претставници од општинската администрација, присуствуваше на настанот и даде поддршка на овој проект.