Околу 400.000 евра ќе добие Крива Паланка за изградба на локални патишта преку проектот за рехабилитација и подобрување на патната инфраструктура, кој го реализира Владата со кредит обезбеден од Европската банка за обнова и развој.
Општината издвои неколку приоритетни патни правци во кои ќе бидат инвестирани овие пари, а кои се во најкритична состојба и со најголема бројност на месното население.
– Парите ќе се наменат за изградба на локалниот пат од Крива Паланка до село Мартиница, во должина од 1,5 км и 2 км кон селото Градец, како и 7 км од патниот правец Конопница – Мождивњак и 1,5 км од Длабочица до Баштево- истакнува Александар Ангелов, раководител на Одделението за изградба и одржување на комуналната инфраструктура.
Извор: Дневник