На ден 09.07.2010г со почеток во 13 часот, во големата сала на Општина Крива Паланка, се одржа повторна јавна презентација на нацрт планот -измена и дополна на ДУП за урбан модул –МОТЕЛ МАКЕДОНИЈА.Презентацијата ја водеше дипл.инж.архитект Кире Велески, вработен како советник во одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина.
Во согласност со законските прописи, на јавната презентација писмено беа поканети вкупно педесет јавни личности, заинтересирани лица и стручни лица од областа, од кои присуствуваа дваесетина. На самата презентација присуствуваа и претставници на изработувачот на планот Друштво за планирање, проектирање и инжинеринг „ПРОСТОР“ од Куманово г-н Стоилковски Дане и г-ѓа Стојмановска Марина, кои дадоа стручно објаснување за планските параметри врз основа на кои е изработен нацрт планот, а потоа беше дадена можност за прашања и одговори на присутните.
Опфатот на планот има површина од 2.16 ха, што е истоветно со претходниот опфат на планот, во кој спаѓаат спортската сала и мотел „Македонија“ со придружните објекти, спортско рекреативна зона, зелени површини и секако сообрајќајно решение и паркинзи.За сите прашања и потребни забелешки Општина Крива Паланка подготви анкетни листови кои може да се подигнат во архивата на Општината или одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина, најкасно до 16-07-2010г.

Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина