На 21.07.2010 год. градоначалникот на општина Крива Паланка г-дин.Арсенчо Алексовски свечено го отвори Кривопаланечкото културно лето кое се реализира во рамките на манифестацијата Топол културен бран, што ја реализира Министерството за култура и Владата на Р.Македонија.
Општина Крива Паланка и Н.У. Центар за Култура од Крива Паланка направија напор да ни презентираат дел од богатото културно творештво на нашите уметнички дејци.
На првата вечер посветена на староградска музика настапија Распеани Паланчани, Распеани Делчевчани и Тамбурашкиот оркестар од Кратово.
Во наредните вечери, пред осоговскиот манастир, во Центарот за култура и во градскиот парк ќе можеме да уживаме во изведбите на староградскта и современа музика, изложби и театарски представи, вприемчиви и интересни за секој од нас.