Во рамките на тековните активности, предвидени со годишната програма, Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура при Општина Крива Паланка, започна со пробивањето и подготвителните работи за поплочување на дел од улица „Моша Пијаде“.
Ќе бидат поплочени вкупно околу1.000 м2 и ќе биде решено одводнувањето на тој дел од улицата.