По извршениот избор на изведувач на работите, фирмата Имако од Гостивар и по разрешување на имотно правните работи се отпочне со изградба на објектот за санација на земјиште во насебата Илинден. Свлечиштето се појави како резултат на обилните врнежи од дожд и снег во почетокот на 2009 година.
Објектот се гради во фази –извршено е расчистување и обележување на објектот и отпочната е изградба на 21 бунар со длабочина од 3 до 4 метри. Ископот е во завршна фаза, а завршено е бетонирање на 2 бунари. Следната фаза е поставување на армирано-бетонска плоча и ѕид.
Од страна на општинската администрација направен е увид на објектот и утврдено е дека динамиката се одвива согласно предвидениот план и се очекува изградбата да заврши во планираниот рок.
Со санацијата на свлечиштето ќе се спречи понатамошна опасност од лизгање на семејните куќи како и оштетувањето на дел од улицата.
Објектот се финансира со средства од Владата на Република Македонија и Општина Крива Паланка.