Градоначалникот Алексовски во посета на Лугож, Романија

По официјалната покана упатена од г.Францис Болдеа, градоначалник на збратимениот град Лугож- Романија, градоначалникот на општина Крива Паланка  г.Арсенчо Алексовски оствари посета во периодот од 13 до 15 aвгуст 2015, по повод празникот на градот Руга Лугојана.

[embpicasa id=”6184623918244682689″]

Во 2011 година се потпиша договорот за соработка помеѓу Крива Паланка и Лугож- Романија. Од неговото потпишување соработката помеѓу овие два града од година на година се повеќе се продлабочува и зајакнува.

Согласно на програма за прослава на празникот Руга Лугојана беше одржан состанок со градоначалниците на збратимените градови во општинската сала. Градоначалникот Болдеа им посака добредојде и го поздрави присуството на сите делегации. Градоначалникот Алексовски во своето обраќање им го честита празникот на сите граѓани на Лугож и ја истакна подготвеноста на Крива Паланка за продлабочување на соработката, а воедно беа разменети и пригодни поклони.

Како и секоја година следуваше присуство на традиционалната Молитва која се одржа во православната црква за да потоа се проследи уличниот перформанс на фолклорната група на градот Лугож, Ана Лугојана.

Потоа беа проследени низа културни настани кои општината Лугож ги организира по повод прославата и празнувањето на Руга Лугојана. Посетата беше искористена и за заедничко разгледување и размена на проекти од страна на присутните делегации на прославата.

Големина на фонт
Контраст