На 13.08.2015 година се започна со изградба на канализационата мрежа во населбата Бојанов Дол. Населбата е лоцирана на десната страна од градот, а ги опфаќа населбите Баглак 1 и Баглак 2 односно дел од ул.Баглачка, ул.Македонска и ул.Ратко Минев кои што поради својата висинска разлика гравитираат кон Бојанов Дол и не може да бидат опфатени со канализационата мрежа на соодветните улици.
Со овој проект ќе биде опфатен и делот од населбата „Донкина Нива“ која што е надвор од урбаната зона, но која што по својот интензитет на ширење и градба веќе прераснува во урбана зона. Севкупно во канализационата мрежа ќе бидат опфатени околу 100 домаќинства со околу 400 жители, но целиот овој простор има можности за дополнителна градба и населување што е земено во предвид во проектирањето. Населбата има усвоен детален урбанистички план, меѓутоа истиот е од пред дваесетина години освен за делот од Донкина нива кој сеуште е надвор од градежната зона.
Целиот овој простор е приклучен кон водоснабдителниот систем од градскиот водовод пред дваесетина години. Со главниот проект треба да се даде решение за фекална канализација на дел од оваа населба, а за преостанатиот дел од населбата има изградено фекална канализација, со што целата населба ќе добие квалитетни услови за живеење.
[embpicasa id=”6184630710325243681″]