Градоначалникот на општина Крива Палнка г. Арсенчо Алексовски денеска ги прими фолклорните друштва кои се учесници на Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.
На фестивалот учествуваат Фолклорен ансамбл „Маковица“од Свидник, Словачка, Фолклорна група „Лугојана“ од Лугож, Романија, ансамблот „Шумен“ од Бугарија, КУД „Ново Селиште“ од Бор, Република Србија, фолклорните ансамбли од Дупница, Бугарија, од Измир и Испарта, Турција , Ансамбл „Актавис“ од Дупница, Бугарија, како и КУД „Карпош“, КУД „8-ми Октомври“ и КУЗ „Фолклористи“ од градот домаќин, Крива Паланка, Република Македонија.
[embpicasa id=”6187299242433366481″]