Санација на оштетени асфалтни површини на улицата „Лозановска“

Општина Крива Паланка во рамки на програмата за тековно одржување  на локални патишта и улици започна со градежни активности за санација на оштетени асфалтни површини на улицата „Лозановска“.

Во текот на изминатите денови  и во текот на денешниот ден се очекува да бидат вградени 650 м2 нов асфалт.

Градежните активности продолжуваат и во текот на наредните денови согласно предвидената динамика и временските услови.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма од Гостивар „Лабино-Трејд“.

dgh111^E800D1FC70DF3D0F5B2237EC4EC92EA5F45C8BDF70B1C69093^pimgpsh_fullsize_distr

Големина на фонт
Контраст