Вчера, 14.09.2015 со почеток во 17.30 часот, градоначалникот на општина Крива Паланка г-дин Арсенчо Алексовски заедно со заменик министерот за култура г-дин Драган Неделковиќ, пратеничката во Собранието на Р.М г-ѓа Слаѓана Митовска и директорката на Музејот во Куманово г-ѓа Анита Цветановска свечено ја пуштија во употреба сувенирницата на граничниот премин „Деве Баир“. Отварањето на сувенирницата е во рамки на проект на Музејот од Куманово, финансиран од Министерството за Култура, за отварање на сувенирници на важни туристички места.
[embpicasa id=”6194638280588663873″]