Денеска во општина Крива Паланка се одржа состанок на градоначалниците на Општина Крива Паланка, Кратово и Ранковце, претседателите на Советите и директорите на Јавните претпријатија од трите општини, а во врска со реализација на ИПА проектот „Подготовка на техничка и тендерска документација за затварање на депониите во Источниот и Североисточниот регион“.
Состанокот се организираше со цел припрема на потребните одлуки на советите на општините за времената локација за депонирање на отпадот, временскиот период на донесување на одлуките од страна на советите, времето на отпочнување со депонирање на отпадот на определената временска локација, како и договорено регулирање на обврските и финанскиските импликации на општините за зголеменотото транспортирање и обврските на општината примател на отпадот за неговото законско третирање (порамнување, трупање со земја, уредување на пристапниот пат и др).