Народниот театар од  Дупница и оваа година гостин на Театарскиот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Општинскиот народен театар „Невена Коканова“ од Дупница, Република Бугарија, инаку редовен учесник на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, и годинава гостуваше на оваа манифестција, овојпат со претставата „Кариеристи“.

Драмскиот текст, чиј автор е Иван Вазов, го третира секогаш актуелниот општествен феномен преку роднински и пријателски врски да се дојде до примамлива работна позиција, која овозможува добра плата без да се вложува труд и без да се имаат потребните квалификации.

Највпечатлива улога имаше актерот Николај Иванов, кој го толкуваше ликот на дедо Станчо, а добро позната актерска екипа  и овојпат беше наградена со аплаузи од кривопаланечката публика.

Шестиот фестивалски ден е резервиран за промоција на  драмскиот текст „9“ од литературниот и театарски критичар и писател Гоце Ристовски,  кој го промовира театрологот  Тодор Кузманов.

Претставата „Алма Малер“ во која настапуваат доајенот на македонската театарска умтност Милица Стојанова и актерката Ѕвезда Ангеловска, а која требаше да се одигра на шестата фестивалска вечер (сабота, 19 јуни), од објективни причини нема да биде реализирана.

Фестивалската програма продолжува во недела, 20 јуни, со претставата „Не сме ние од вчера“, во која настапуваат актерите од Народнот театар од Херцег Нови, Република Црна Гора.

[embpicasa id=”6196899999681785697″]

 

Големина на фонт
Контраст