Во рамките на седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, синоќа гостуваше Народниот театар „Стерија“ од Вршац, Република Србија.
Соработниците од збратимениот Вршац за овогодинешниот настап ја одбраа претставата „Лаги и паралаги“, чиј автор е големиот српски книжевник и драматург Јован Стерија Поповиќ, а се игра во пресрет на одбележувањето на 210-годишнината од неговото раѓање.
Во комедијата „Лаги и паралаги“ се прикажавуваат аномалиите на општеството во кое живеел Стерија Поповиќ, преку градација на карактерните особини на луѓето, склони кон измама и лаги како начин на живеење. Претставата упатува порака дека секоја лага ќе биде разоткриена, но и дека непоправливиот човечки менталитет е лишен од секаква морална поука и покајување.
Вечерва, на претпоследниот фестивалски ден настапува Народниот театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Република Хрватска.
[embpicasa id=”6197601538203835521″]