Општина Крива Паланка активно по втор пат се вклучи во одбележување на традиционалните европски акции од масовен карактер „22 Септември“ – Ден без автомобили и „Европска недела на мобилност 2015“ .
На настанот учествуваа околу 200 велосипедисти кои ја промовираа кампањата под наслов „Избери, Промени и Комбинирај“ чија цел е да се развива дијалог помеѓу засегнати страни од различни аспекти на мобилност, да се предлагаат, променат, комбинираат и изберат нови иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорт пред се планирање и изградба на пешачки, велосипедски патеки како и патеки за лица со телесна попреченост со што би се подобрило безбедното движење и пристапот на сите граѓани во Општината.