Со премиерата на „Чорбаџи Теодос“ затворено 7-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Премиерата на „Чорбаџи Теодос“ во изведба на Драмското студио при Н.У. Центар за култура од Крива Паланка беше последната претстава од репертоарот на седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, со која синоќа свечено беше затворена манифестацијата.

Младите актери предизвикаа овации кај публиката со нивната изведба на познатите ликови од драмата на Васил Иљоски, што ја режираа Лиле Стојановска и Глигор Цветковски.

Посебна благодарност беше упатена до доајенот на македонската театарска уметност Милица Стојанова, која со своето богато искуство и стручни совети даде придонес претставата да биде донесена на високо ниво на професионализам од младите актери-аматери.

Седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ понуди богата програма од претстави на балканските театри од Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и од Македонија. Сите претстави предизвикаа интерес кај кривопаланечката публика, која секоја вечер ја полнеше салата, што говори за градењето на театарската култура во континуитет во Крива Паланка.

[embpicasa id=”6198016614336794609″]

Големина на фонт
Контраст