Во рамките на веќе воспоставената културна соработка со градот Шумен, Република Бугарија, делегација предводена од градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Асенчо Алексовски, директорот на центарот за култура, г.Александар Рангелов и координаторот и автор на Меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско Поклонение“ – с. Конопница, г. Стојанче Величковски, присуствуваа на свеченото отварање на изложбата на сто најдобри дела од Меѓнародниот конкурс за карикатура “Невестинско Поклонение -2013” во градската галерија „Елена Карамихајлова“.
Пред многубројните посетители градоначалникот Алексовски зборуваше за важноста и значењето на воспоставената кутурна соработка, додека координаторот на Конкурсот ги запозна присутните со спецификите на темата и изложените дела.
Заради големиот интерес пројавен за Изложбата, освен во Шумен, делата ќе бидат презентирани и пред граѓаните на општините Нови Пазар, Каспичан и Смјадово.
Во рамките на работната посета градоначалникот Алексовски оствари средба со градоначалниците на Шумен, Нови Пазар и Смјадово. На средбите освен договорената културна соработка, беа разменети конкретни искуства со бугарските општини за искористувањето на средства од европските фодови и реализираните проекти за зачувување на животната средина. Во тие рамки беше посетена и новата модерна пречистителна станица за пречистување на отпадните води во општина Нови Пазар.
Во продолжение на рабоната средба беа разгледани културно историските споменици во непосредна близина, Националниот историско-археолошки резерват „Плиска“ , Дворот на Кирилицата и етнопостановката на Општина Смјадово.
На крај на работната посета делегацијата беше примена од директорот на една од најстарите културни установи, Народното читалиште „Добри Војников” организатор на манифестацијата “Есенските шуменски вечери”.
[embpicasa id=”6199838688633734225″]