Вчера во просториите на Општина Крива Паланка се одржа информативен ден за Првиот повик за поднесување на проектни предлози по Програмата за прекугранична соработка Интерег – ИПА Бугарија – Македонија.
Експерти од Управувачкиот орган, Националниот орган и Заедничкиот секретаријат на Програмата ги претставија барањата за апликација по Повикот за проектни предлози, структурата на предлог проектот и пополнување на формуларот за апликација како и развивањето на буџетот на проектот и подобноста на трошоците.
На присутните им се обрати и градоначалникот Алексовски кој го истакна значењето на прекуграничната соработка за унапредување на квалитетот на живеење на населението како и за целокупниот развој на регионот.