Одржана првата  сесија на буџетски форум  во Општина Крива Паланка

Во организација на Општина Крива Паланка  на 04 ноември 2015 година, се одржа првата форумска сесија од буџетскиот форум, за креирање на буџетот на општината за 2016 година.

Целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите  на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2016 година, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година.

Раководителот на Одделението за финансиски прашања, Татјана Ѓоргиевска, на присутните граѓани им го презентираше процесот на буџетирање и структурата на буџетот на општината, при што ги запозна со приходите и расходите кои се реализираат во една фискална година, изворите на приходи, нивната распределба, како и намената на буџетските трошоци.

Според правилата на форумскиот процес, учесниците на форумот одлучија да работат на 6 работни маси преку кои ќе ги презентираат своите предлози за приоритетни програми и проекти.

На првата форумска сесија граѓаните дискутираа  и  дадоа  свои предлози и видувања  за 5  буџетски програми  за  приоритети за развој на општината за 2016  година, кои би можеле да влезат во општинскиот буџет, во  зависност од надлежностите на општината, расположивите средства и оправданоста на предлозите.

На  следната  втора  форумска сесија која ќе се одржи на 10.11.2015г.  учесниците ќе имаат можност да се запознаат со  преостанатите буџетските програми и да даваат свои предлози за нови проекти во општинскиот буџет.

[embpicasa id=”6213612449597405425″]

 

 

Големина на фонт
Контраст