Општина Крива Паланка во рамките на програмата за тековно одржување изврши санација на оштетени афлатни површини на дел од улицата „Свети Јоаким Осоговски“ и тоа на потегот од Осички мост до мотел Македонија како и на дел од улицата „8-ми Октомври“ каде заедно беа вкупно вградени околу 200 м2 нов асфалт. Акцијата за санирање на оштетени асфалтни површини на територијата на градот продолжува и во текот на наредните денови согласно временски услови и предвидената динамика.
Изведувач на градежните работи е градежната фирма „ЛАБИНО-ТРЕЈД“ од Гостивар.
[embpicasa id=”6215807641050905601″]