Одржана втората сесија на БУЏЕТСКИ ФОРУМ во Општина Крива Паланка

Во организација на Општина Крива Паланка на 11 ноември 2015 година, се одржа втората форумска сесија од буџетскиот форум, за креирање на буџетот на општината за 2016 година.
На форумот присутните ги поздрави Градоначалникот Арсенчо Алексовски, кој истакна дека Форумот е извонреден начин граѓаните да се запознаат со општинскиот буџет и да даваат свои предлози за приоритетните буџетски програми и проекти. Се разбира, сите нивни предлози нема да може да бидат прифатени, со оглед на ограничените средства, но и надлежностите кои ги има општината, но добар дел од тие приоритети, поточно оние кои се издржани и реални, ќе влезат во општинскиот буџет за 2016 година.
Целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2016 година, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година.
На втората форумска сесија граѓаните дискутираа и дадоа свои предлози и видувања за 7 буџетски програми за приоритети за развој на општината за 2016 година, кои би можеле да влезат во општинскиот буџет, во зависност од надлежностите на општината, расположивите средства и оправданоста на предлозите.

[embpicasa id=”6215814624211130689″]

Големина на фонт
Контраст