По повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски организираше ручек во ресторан „Парк“ за штитениците од Одделението за дневен престој на лица со ментална или телесна попреченост, кое работи во рамки на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Крива Паланка.
На ручекот покрај лицата со посебни потреби присуствуваа и вработените од Одделението за дневен престој за лица со ментална или телесна попреченост, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа како и претставник од Општина Крива Паланка.