Ќе се гради споменик за дипломатот Крстевски

Советот на Општина Крива Паланка ја прифати иницијативата на група граѓани за изградба на спомен-обележје на дипломатот Миле Крстевски, кој загина во авионската несреќа заедно со претседателот Борис Трајковски во 2004 година кај Мостар. Споменикот треба да биде изграден по повод 7-годишнината од неговото загинување, а ќе биде поставен на улицата 8 Октомври, на која се наоѓа куќата во која е роден Крстевски.

Педесетгодишниот Крстевски активно учествуваше во дипломатијата и зад себе имаше успешна 27-годишна кариера.

 

Големина на фонт
Контраст