Градоначалникот Алексовски врачи плакета на фирмата „Вардар Експорт-БИ“

По повод успешно спроведената акција за помош на социјално загрозеното население, градоначалникот на Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски врачи општинска плакета на фирмата „Вардар експорт-БИ“. Тој ја поздрави иницијативата која оваа компанија ја спроведе во соработка со Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка, преку двомесечно одвојување на по еден денар од продажбата на лебот што го произведува кривопаланечката пекара. Со издвоените средства обезбедени се 100 хуманитарни пакети со прехранбени средства и средства за хигиена , што ќе бидат поделени на ранливите групи од урбаните и рурални подрачја.
-Ја поздравувам оваа заедничка акција на Општинската организација на Црвен крст и фирмата „Вардар експорт-БИ“, кои искажаа подготвеност, хуманост и препознавање на потребите на социјално загрозените семејства, што говори за нивната општествена одговорност во однос на локалната заедница. Воедно, апелирам и до останатите субјекти од бизнис секторот од општината да иницираат и да се приклучат во вакви акции преку кои ќе дадат свој придонес за подобрување на квалитетот на живот на ранливите групи. Како општина, ние секогаш ги подржуваме ваквите активности и имаме успешна соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Крива Паланка, на која и даваме финансиска поддршка и за реализација на проектот „Грижа за стари лица во домашни услови“.
Социјалните пакети ќе бидат доделени на семејства кои се корисници на социјална помош преку Центарот за социјални работи, на ранливи категории од училиштата и на семејства од руралните населби.

12371029_974134039324072_5389950654967041081_o

Големина на фонт
Контраст