Крива Паланка oтпочна со одделно собирање на неупотреблив електронски и електричен отпад

Граѓаните на Крива Паланка неупотребливиот електронски и електричен отпад, апарати и нивни делови можат да го одлагаат во првиот определен собирен пункт од страна на Општината кој се наоѓа покрај кејскиот зид кај Автобуската станица.
Секој неупотреблив електронски и електричен отпад или нивни делови кои непотребно зафаќаат простор во подрумите и други простории отсега па натаму граѓаните во било кое време може да ги оставаат во отворените времени кафези за електронски и електричен отпад кои се поставени од страна на ЈП „Комуналец“ покрај Еко магацинот кој се наоѓа на истата локација. Во определено време од страна на определено лице од ЈП „Комуналец“ ќе се спроведува префрлање на отпадот во Еко магацинот обезбеден од фирмата Елколект. По исполнување на Еко магацинот определениот постапувач со овој вид на отпад ќе организира негово празнење, транспортирање и соодветен негов третман.
Согласно на законската регулатива, а во интерес на заштитата на животната средина се известуваат граѓаните дека се должни да го одделуваат неупотребливиот електронски и електричен отпад кој потекнува од домаќинствата и истиот за почеток да го одлагаат на определеното место за ваква намена. Тоа значи дека понатамошно одлагање на електричен и електронски отпад во индивидуалните садови за комунален отпад како и колективните садови за комунален отпад е строго забрането и казниво.
Општината ги обезбедува условите, а граѓаните се тие кои треба да ги користат истите.

SAM_2060 (Medium) SAM_2059 (Medium)

Големина на фонт
Контраст