Во понеделник, 08.02.2016, градоначалникот Арсенчо Алексовски оствари средба со Здружението на пензионерите на која присуствуваа и пратеничката Слаѓана Митовска, раководителот на ПИОМ Билјана Ивановска и в.д директорот на ЈЗУ Јоско Стефановски. На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања и проблеми од интерес за пензионерите како и за подобрување на нивниот статус и стандард.