Градоначалникот Алексовски испрати писмо со сочувство до својот колега Жан Чарлс Луперто, од збратимениот град Самбревил од Кралство Белгија, по повод терористичкиот напад во европската престолнина Брисел.
Во писмото градоначалникот истакнува:
Почитуван пријател Луперто,
Со голема загриженост и згрозеност ги проследив вестите за терористичките напади во Европската престолнина Брисел, во кои голем број невини луѓе ги загубија своите животи, а уште поголем број се повредени.
Овие кукавички напади не се извршени само врз Брисел, Белгија и белгискиот народ, туку се извршени врз сите цивилизации, нации и народи, врз светскиот мир и безбедност.
Примете го моето најголемо сочуство за жртвите кои произлегоа од овој анти-цивилизациски акт и дозволете ми да Ве известам дека не само граѓаните на Крива Паланка туку на цела Република Македонија остро ги осудуваат и се спротивставуваат на нападите и загрозувањето на градот – колевка на демократијата – Брисел.
Ве уверувам во нашата решителност и истрајност во заедничката борба против тероризмот без разлика од каде и од кого доаѓа.