Градоначалникот Алексовски изврши увид на новопојавените одрони и свлечишта

Во текот на вчерашниот ден Градоначалникот Арсенчо Алексовски  заедно со дел од стручните служби од општинската администрација на Крива Паланка, изврши увид на новопојавените одрони и свлечишта на локалниот пат Крива Паланка – с.Станци. На лице место се разгледуваа мерки  и активности кои ќе се преземат за расчистување на истите. Состојбата на овој локален пат  е алармантна и во зависност од временските услови не е исклучено појава на нови одрони и свлечишта.

Исто така беше извршен увид во градежните активности околу проширување на трасата на  новопроектираниот пат од Крива Паланка кон Манастирот Св.Јоаким Осоговски.

^79FD234DA34487D056FF69B22E2C2108C68F600426B6923315^pimgpsh_fullsize_distr ^087D4096DA72BDC1EF523B9ABF18A61A24755E4A1B7BA9076C^pimgpsh_fullsize_distr ^42004927CC0CD6D80912B18EABC4635B41E758BB7321CABF3A^pimgpsh_fullsize_distr ^CEE7110BC2DCF9ECB8EE54FA26E7841D06D51317E16C6EBDD5^pimgpsh_fullsize_distr

Големина на фонт
Контраст