Три патни правци се градат во Крива Паланка

Започна изградбата на три локални патни правци во Крива Паланка, a се врши асфалтирање и санација на повеќе градски и приградски улици. Се работи на т.н Руски пат до манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“, а започнаа активностите и на патниот правец во село Жидилово и во Kалин Камен.

Oд локалната самоуправа на општината најавија пролетна градежна офанзива во општината.

-Интензивно се работи на расчистување на трасата на патот кон манастирот, во консултација со експерти градежниците вршат ублажување на големата нагорнина на најголемито свиок на патот. Овој нов пат ќе овозможи побрз пристап до манастирот, со оглед на тоа што на постојниот пат се појавија свлечишта, а  на места патот пропаѓа, информира Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.

Останатите два патни правци опфаќаат вкупна изградба на три километри нов асфалтен пат.

-Освен овие два километри нов пат до манастирот, во туристичкиот локалитет Калин Камен ќе се изградат уште два километри од м.в. Ловечка куќа до Езерцето, а во село Жидилово еден километар. За трите патни правци ќе бидат вложени околу 45 милиони денари, обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, додаде Алексовски.

Во општината во тек е асфалтирање и на неколку градски улици во рамки на програмата за изградба и одржување на локална патна инфраструктура, а почна и проектот за изградба на три канализациони системи во руралните подрачја, но и во градот.

– Се гради канализација во село Мождивњак, потоа во село Далбочица, а со проектот ќе се прави канализација и во Дурачка Река. Сите се финансираат од АФПЗРР, со средства во висина од 20 милиони денари, потенцира Алексовски.

sliki novi 027 IMAG2055

Големина на фонт
Контраст