На барање на ЈЗУ Здравствен Дом Крива Паланка, доставено до совет на Општина Крива Паланка за санација на пристапот околу Здравствениот дом поради лошата состојба на иститот, Советот на Општина Крива Паланка одлучи да го прифати барањето и во рамки на градежните активности за асфатирањето на територијата на Општината да извршии санација на пристапот околу здравствениот дом. Во текот на изминатите два дена се започна со градежни активности и во зависност од временските услови се очекува истите да завршат за една недела при што ќе бидат заменети над 700 м2 оштетен асфалт.
Изведувач на градежните активности е градежната фирма „Лабино Трејд“ од Гостивар.