Одржана прес конференција за презентација на проектот „Подобра промоција за подобар туризам“

Вчера во просториите на ЛУ „Градски музеј“ во Крива Паланка беше одржана прес конференција за промоција на проектот ПОДОБРА ПРОМОЦИЈА ЗА ПОДОБАР ТУРИЗАМ. Проектот  е финансиран од Владата на Република Македонија во рамки на повикот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2016 година, а имплементиран од страна на здружението Кластер за туризам – Крива Паланка.

Проектот предвидува мапирање на туристичките локалитети на територијата на општините Крива Паланка и Ранковце, поставување информативни табли со огласен простор за полесна ориентација на туристите, но и за постирање огласи поврзани со транспорт, сместување, угостителство,… како и изработка на географско-информативни карти и веб-страница со сите потребни информации од соодветната област како база за промоција на туристичките локалитети.

Вредноста на проектот 300 000 денари.

13240076_794954963939810_3163693614227167857_n13256056_794955060606467_9198119147857111869_n

Големина на фонт
Контраст