На 26 мај 2016 година, Амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија Вен Женшун оствари посета на општина Крива Паланка.
Во рамки на агендата Амбасадорот оствари состанок со Градоначалникот во неговиот кабиент, потоа ја посета фабриката за тексил ВЕИБО ГРУП, присуствуваше на пинг-понг турнир, а воедно ги посети и градскиот Музеј Крива Палака и манастирот Св.Јоаким Осоговски.
Вен Женшун е првиот амбасадор на Народна Република Кина кој остварил посета на општина Крива Паланка.
Градоначалникот Алексовски за време на посетата го запозна амбасадорот со работењето на општината, местоположбата, знаменитостите, потенцијалите за инвестирање и бизнис-климата, а за време на посетата на музејот и манастирот Св.Јоаким Осоговски амбасадорот доби слика и се запозна со културно-историското наследство на градот.
Амбасадорот Женшун ги истакна импресиите од Крива Паланка, дека се чувствува прекрасно, особено поради тоа што има можност да биде во убав и чист град како што е Крива Паланка, а дотолку повеќе што се совпаѓа со датумот кога пред две години ја отпочнал својата амбасадорска функција во Република Македонија.
За време на посетата беше разговарано и за можностите за понатамошна идна соработка на економски и културен план, имаше размена на идеи и мислења за надградба на соработка. За време на посетата на фабриката „Веибо груп“ која претставува кинеско-турска инвестиција од областа на конфекцијата и вработува 650 луѓе од градот од страна на менаџерот беше презентирана работата, поволностите и предизвиците со кои соочуваат.
На турнирот во пинг-понг клубот од Крива Паланка амбасадорот беше запознаен дека Крива Паланка учествува во репрезентацијата на Р. Македонија со 2/3 од вкупниот број репрезентавици, кое наиде на особено воодушевување особено поради фактот што национален кинески спорт е токму пинг понгот.
Во Градскиот музеј Крива Паланка со задоволство ја проследи презентацијата од страна на Директорот на Музејот Драган Величковски и ја посети изложбата на фотографии од локалитетот Кокино, а нескриени беа и импресиите од убавината на манастирот Св.Јоаким Осоговски и околината.
Амбасадорот истакна дека ќе се заложи за остварување на соработка на компании од Крива Паланка – Р. Македонија и Н.Р.Кина од која било област и нивно поврзување за остварување партнерства кои ќе допринесат за развој на општината. Исто така ќе се заложи што повеќе кинески туристи да ја посетат и запознаат Крива Паланка особено знаменитостите и нејзините убавини.
Градоначалникот Алексовски и Амбасадрот Женшун истакнаа дека во идниот период ќе продолжат со обостраната соработка и посети.
[embpicasa id=”6289308956504666417″]