Традиционални пензионерски спортски натпревари во Крива Паланка

Сојузот на Пензионери на Република Македонија по повод јубилејот 70 од постоењето на Пезнионерската организација (1946-2016 година) го озваничува со организирање на различни манифестации, ревии, сподртски игри и други настани.
Токму поради овој јубилеј, Здружанието на пензионери од Крива Паланка беа ораганизатори на традиционалните меѓуопштински игри во Крива Паланка, а каде учество зедоа здруженијата на пензионери од Крива Паланка , Кратово, Пробиштип, Свети Николе. Ове игри се од забавен карактер со наптпреварувачки дух и се претставени како натпревари во пикадо, шах, карти, домино, табла, билјард, шутеви на мали голчиња и давање на кошеви во машка и женска дисциплина.
Натпреварите се одржуваат 4 пати годишно. По овој натпревар следуваат Регионалните пензионерски спортски натпревари кои  се одржаа во Куманово на 29 Мај.
Градоначалникот при своето обраќање ги поздрави пензионерите учесници, посакувајќи им дружење и натпреварување и секако да победат најдобрите. Истакна дека овие игри го зајкнуваат и одржуваат пријателството не само помеѓу сограѓаните туку и на пензионерите од околните краишта, а воедно придонесуваат кон подобро здравје.

[embpicasa id=”6290370702673054081″]

Големина на фонт
Контраст