Велосипедската федерација на Република Македонија и додели благодарница на Општина Крива Паланка за помош во организирањето на Државното друмско првенство кое се одржа на 26.04.2016 година.
Сениорите и јуниорите ја возеа патеката Куманово -Страцин-Ранковце- Крива Паланка –Ранковце- Страцин-Куманово во должина од 126 км.
Настанот го организира Велосипедската федерација на Македонија, клубот „Вело –М“ и Општинскиот сојуз на спортови на Куманово.