Координативното тело за организирање на овогодинешниот осми по ред Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, на чело со Градоначалникот на општината, во рамките на подготовките за фестивалот вчера имаше работна средба со овогодинешниот лауреат, познатата македонска актерка и директорка на театарот „Комедија“, г-ѓа Јелена Жугиќ.
На средбата се разговараше за деталите околу нејзиниот настап и доделувањето на наградата, што е планирано на 14.09.2016. Исто така, договорен е и настап на театарот „Комедија“ на отварањето на фестивалот на 15.09.2016. Инаку Жугиќ е осми по ред награден актер на фестивалот, а пред неа лауреати се Милица Стојанова, Зафир Хаџиманов, Петар Темелковски, Шенка Колозова, Страшко Милошевски, Мето Јовановски и Јордан Плевнеш.