Општина Крива Паланка ги реализира завршните градежни активности околу изградба на локалниот пат Варовиште -Манастир Свети Јоаким Осоговски кој е во должина од 2 км 163 метри.
Патот е со ширина од 4 метри ,а на еден дел е изработена асфална ригола со ширина од 75 см. На дел од патот одводнувањето е решено со поставување на дренажани цевки. Заради подобро функционирање на патот коловозот на некои места е проширен за 2 метри. Останува да се заврши поставување на заштитна челична ограда и мрежа за заштита од одрони.
Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека патот не е отворен за сообраќај и дека е забрането движењето по него за сите видови сообраќај.
Изведувача на градежните работи е градежната фирма „Цвет“ од Скопје.