Започна дванаесеттиот Меѓународен фолклорен фестивал „Свeти Јоаким Осоговски“

Со свечено дефиле на учесници низ главната улица во Крива Паланка вчера започна дванаесеттиот Меѓународен фолклорен фестивал „Свeти Јоаким Осоговски“.

а годинашното издание на фестивал кој ќе трае три дена, од 25 до 27 август, учествуваат фолклорни ансамбли од  Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Словачка, Белгија, Бугарија и Македонија.

Со деновите на одржување на фестивалот се навестува празничната атмосфера во општината која следува по фестивалот со празнувањата на двата големи празници, Успение на Пресвета Богородица и празникот на светецот-закрилник на градот Свети Јоаким Осоговски.

Според програмата на фестивалот ќе настапат КУД „Јабланичко коло“ од Лебане, Србија, КУД „Младост“ од Ковин, Србија, КУД „Дајре“ од Сараево, Босна и Херцеговина,  КУД „Карпош“ од Куманово, КУД „Измир“ од Турција, Фолклорно друштво од Самбервил, Белгија, КУД „Камничка“ од Свидник, Словачка, КУД „Бучим“ од Радовиш,  КУД „Етнос“ од Скопје, КУД „Разлошки мераци“ од Разлог, Бугарија како и друштвата од градот домаќин Крива Паланка КУД „8-ми Октомври“, КУС „Карпош“, КУЗ „Фолклористи“ и „Ветерани Карпош“.

Трите фестивалски вечери ќе се одржат на градскиот плоштад во Крива Паланка со почеток во 19 часот.

Организатор и покровител на фестивалот е Општина Крива Паланка со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура од Крива Паланка.

[embpicasa id=”6323051038671859953″]

Големина на фонт
Контраст