Во рамки на Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски ги прими претставниците на фолклорните друштва кои учествуваат на фестивалот.
Градоначалникот Алексовски и претседателот на организациониот одбор Александар Рангелов го изразија своето задоволство и благодарност кон претставниците на фолклорните друштва за учеството на дванаесеттото фестивалско издание по што следеше претставување на учесниците, на фолклорните друштва и државите од кои што доаѓаат како и размена на пригодни подароци како знак на успешната соработка.
[embpicasa id=”6323102194369713105″]