Во недела на 18 септември по вторпат во Крива Паланка ќе се одржи розева трка „И јас трчам за Ведран“ во организација на Здружението за поддршка и помагање на маргинализирани лица „Пинк Суппорт – Pink Support“. Водители на настанот се Тина Таутовиќ и Сузана Турунџиева.
Пријавените учесници ќе можат да трчат на
- 10 км – рутата започнува пред Општината до ЈП „Македонски шуми“ и назад двапати.
- 3 км (одење или трчање како поддршка на настанот) – рутата започнува пред Општината до житни магаци и назад.
Како поддршка на оваа трка има и велосипедска тура на професионални велосипедисти и рекреативци кои ќе возат од Скопје до Крива Паланка и назад.
Настанот се организира со поддршка на Општина Крива Паланка, а собраните средства ќе бидат донирани на Ведран Велиновски, детето херој од поплавите кои го зафатија Скопје на 06.08.2016.
DiBiaggio New York ќе додели награди во машка и женска категорија за 1,2 и 3 место во двете трки, а секој учесник на 10 км ќе добие медал.
Ве очекуваме во Крива Паланка!
РОЗЕВА ТРКА
КРИВА ПАЛАНКА 18.09.2016
10:00 DJ SET – Поставен пред општината
10:30 Собирање на тркачите и обраќање на водителката
11:00 Обраќање на организаторот
11:10 Обраќање на градоначалникот на општина Крива Паланка
11:15 Загревање
11:30 Старт на трките
12:00 Доделување на награди и признанија и пристигнување на велосипедистите
14:00 Крај на настанот
https://www.facebook.com/events/296266957405591/