Општина Крива Паланка во рамките на Програмата за санација, тампонирање и асфалтирање на делови на улици и крпење на ударни дупки на улици и локални патишта за 2016 година на територија на Општина Крива Паланка спроведува градежни активности околу тампонирање и асфалтирање на делови од улица и тоа поточно на два крака и тоа во населба Баглак (дел спој со мост во Куков Дол до завршеток за двата крака на истата улица).
Вкупната должина на деловите од улицата во населба Баглак изнесува околу 600 метри со просечна ширина од 3.0 метри. Се очекува да бидат вградени над 1.800 м2 нов асфалт. Истовремено се врши и нивелирање на постојната улица за одводнување на атмосферски води и замена на постојните цевасти кружни бетонски пропусти на поројот „Куков Дол“ со нови со поголем дијаметар.
Изведувач на градежите работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.
По завршување на градежите активности на овој дел, истите ќе продолжат и на други делови на територијата на Општина Крива Паланка согласно предвидената динамика за градба и временските услови.
[embpicasa id=”6325251605845563233″]