На 14 септември (среда) со кревање на фестивалското знаме ќе започне осмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.
И оваа година се очекуваат повеќе интересни претстави и атрактивни актери од Македонија, Србија, Бугарија и БиХ да го привлечат вниманието на кривопаланечката публика, која со нетрпение го очекува новото фестивалско издание.
Лауреат на овогодинешниот фестивал е познатата македонска актерка и директорка на театарот „Комедија“, г-ѓа Јелена Жугиќ.
Програма на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ 2016