Проширена урбанизација на Деве Баир

Деновиве во општина Крива Паланка почнаа подготовките за изработка на потребната планска документација за урбанизацијата на нови површини на граничниот премин Деве Баир, заради доопремување на патниот Коридорот 8. Со измените и дополнувањата на урбанистичкиот план предвидена е изградба на повеќе придружно-услужни објекти за потребите на овој патен коридор.

Бидејќи со проширувањето на опфатот на новиот план се зафаќа и приватно земјиште, остваривме средба со сопствениците за да се запознаат со постапката на урбанизација. Ако од нивна страна постои интерес, и тие самите можат да партиципираат во изработката на документацијата за објектите, кои се од државен интерес. Со тоа им се дава можност на сопствените парцели да ги градат предвидените објекти и да ги стопанисуваат – истакнува Добривој Николовски, раководител на одделението за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина.

Сопствениците на имотот на Деве Баир побарале најпрвин да се дефинираат површините за градење и да се знае дали на една парцела може да се предвиди само еден објект, како и да се одреди критериум врз основа на кој ќе се финансира изработката на документација и по која цена.

Извор: Дневник

Големина на фонт
Контраст